Почитувани;

Во период од 28-30 Октомври 2022 година се одржа 8-тo по ред меѓународно првенство со воздушно оружје 10 метри “Istvan Poljanac 2022” во Белград Р.Србија. На ова првенство учествуваа неколку Македонски спортски стрелци кои имаа по два настапи и тоа на 29.10.2022 во дисципплината Air Rifle Women 60 Junior настапија: Анастасија Мојсовска со 617,1 кругови на 7-та позиција, Лилјана Илиева со 604,1 кругови на 22-та позиција, Теодора Христова со 591,3 кругови на 24-та позиција и Ирина Јовановска со 586,4 кругови на 25-та позиција.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 junior настапија Мартин Ангелески со резултат 611.1 кругови на 5-та позиција и Бојан Симичиев со 599,3 кругови на 12-та позиција.

Натпреварите од вториот ден на 30.10.2022 започнаа со влез во финале за стрелецот Мартин Ангелески во дисциплината Air Rifle Меn 60 кој по завршување на квалификациите оствари резултат од 6,13 кругови и се пласира на 6-то место односно по завршување на финалната борба истиот го освои 5-то место со резултат од 203.2 кругови. во оваа дисциплина по втор пат настапија и Бојан Симичиев кој го подобри резултатот од претходниот ден и погоди 603,3 кругови.

Кај жените во дисциплината Air Rifle Women 60 по втор пат настапија и Анастасија Мојсовска со 617,3 кругови која исто така се пласира во финале како осмопласирана, а по завршување на финалната борба оствари резултат од 153,2 кругови и се пласира на 7-то место. По вториот настап речиси сите стрелци се подобрија па така Лилјана Илиева со 607,8 кругови на 18-та позиција, Ирина Јовановска со 595,2 кругови се пласира на 21-та позиција, и Теодора Христова со 592,9 кругови на 22-та позиција.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 во квалификациониот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: PONJAVIC Emilija-SRB 627.7, KOLAREVIC Marija-SRB 624.5; MARIC Ivana-SRB -622.6;. Но, сепак во финалната борба во оваа дисциплина златниот медал го освои 5-то пласираната STEVANOVIC Anđelija-SRB со резултат од 260.4 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 во квалификацискиот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: ERDEI Petar-SRB 621,8; RAKONJAC Aleksa-SRB 620,2; STOJADINOVIC Dušan-SRB 615,7, но во финалето сепак златниот медал го освои 2-ро пласираниот RAKONJAC Aleksa-SRB со резултат од 260,4 кругови.