Почитувани, изминатиот викенд од 19 до 20 ноември нашите стрелци Анастасија Мојсовска со воздушна пушка и Борјан Бранковски со воздушен пиштол предводени од нивниот тренер Јордан Тасевски настапија во Тирана на стрелиштето „Реџеп Рама“ за прв пат на еден натпревар во Албанија. Натпреварот кој се одржа беше во рамки на денот на независноста, а Албанската Стрелачка Спортска Федерација го одржа Купот „ПАВАРЕСИЈА“ на кој учествуваа и тимови на Албанија и Косово. Нашите стрелци на натпреварот освоија две први места и тоа Анастасија Мојсовска во дисциплината воздушна пушка 60 со испукани 616 кругови и Борјан Бранковски со воздушен пиштол 60 со испукани 566 кругови.
На посебна церемонија, во присуство на Претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија Г-дин Фидел Или, беа поделени дипломи за спортистите додека Албанската Стрелачка Спортска Федерација додели плакети за благодарност и соработка за двата поканети тима од Македонија и Косово. Претседателот на Албанската Стрелачка Спортска Федерација Г-дин Стефан Рруфа му додели Благодарница на Претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија Г-дин Фидел Или за дадената поддршка во изминатиот период што била дадена за развој на серија проекти. Г-дин Стефан Рруфа исто така го додели главниот пехар на натпреварот на Претседателот на МССФ Јордан Тасевски и тимот на Македонија, кој успеа да ги освои првите две места. Во меѓусебен разговор Претседателите на трите федерации во иднина договорија континуирана меѓусебна соработа со цел подобар развој на спортското стрелаштво во овој регион.
Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, а и гости пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои го поддржаа 17-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2023 Read more…
Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува и поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество или да бидат гости на 17-th International Open Shooting Tournament GRAND RIX SKOPJE 2023. Read more…
Од 05 до 13 Март 2023 година во Талин, Естонија се одржа Европското првенство во спортско стрелаштво со воздушно оружје во дисциплините на 10 метри. На ова првенство имаше вкупно 517 учесници од 40 европски Read more…