Почитувани,
По многу години МССФ повторно организираше и Државно првенство за Олимписката дисциплина ТРАП 125 по што полека но сигурно заживува и оваа дисциплина. Државното првенство се одржа на 30 и 31 октомври 2021 година со поддршка и на Стрелачки клуб “Магнум” Богданци како и останатите клубови членки на МССФ кои учествуваа во оваа Олимписка дисциплина со цел враќање на оваа дисциплина на вистинската патека каде што заслужува, дисциплина која во минатото носеше меѓународни медали за МССФ и нашата земја.
Државното првенство во дисциплината Олимписки трап односно пукање во 125 летечки мети кај нас попознато како пукање во глинени гулаби се одржа во два дена согласно правилата на Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација и тоа во сабота на ден 30.10.2021 се пукаа 3 серии по 25 мети односно вкупно 75 летечки мети и во недела на ден 31.10.2021 година се пукаа 2 серии по 25 мети односно вкупно 50 летечки мети. По завршување на квалификацискиот дел во недела во финале се пласираа првите 6 стрелци кои дополнително пукаа 1 серија од 25 летечки мети со по еден патрон во цевка.
Овој натпревар се одвиваше на Олимпиското трап стрелиште во Богданци под водство на ИССФ меѓународниот лиценциран судија Ристо Попов.
По финалната борба на ова натпреварување на првото место се искачи поранешниот балкански шампион Јордан Христовски со 102 погодени мети од С.К “Магнум” од Богданци, на второто место Иван Атанасовски од С.С.К “Рефлекс Шат” – Струмица со 93 погодени мети, додека на третото место се пласира Бобан Тушев со 88 погодени мети од С.С.К “Беласица Шат” од Струмица.
По одржувањето на овој натпревар наидовме на голема подршка и пофалби од љубителите на оваа Олимписка дисциплина со цел да се продолжи и во иднина помасовно со вакви активности и поддршка на МССФ преку кои целта е да се изнајдат нови млади таленти од нашата земја, за повторно македонскиот трап да се врати на меѓународните натпревари во оваа Олимписка дисциплина.
Во прилог Ви го прикажуваме билтенот со резултати од државното првенство за 2021 г.:
Билтен од Државно првенство во Трап за 2021 одржано во Богданци 30-31.10.2021