Почитувани љубители на спортското стрелаштво,
На 23.10.2021 година на стрелиштето Пампас, Осијек, Хрватска се одржа Kahles Indoor F-Class Cup каде учествуваа преку 200 натпреварувачи од регионот во следните три дисциплини:
F-Target .22LR 100M
F-Target 300M
F-Open 300M
Стрелците на КСС Лонг Реинџ како претставници на нашата земја настапија во сите дисциплини со своите членови Ангелко Петровски, Драган Јовановски, Драган Прокоповски, Никола Петковски и Горан Дамчески.
Исклучително сме горди што во конкуренција од извонредни натпреварувачи овие стрелци ги постигнаа следните резултати:
– II екипно место во дисциплината F-Target 300M со 296,31 поен (Драган Јовановски 100,9, Ангелко Петровски 99,10 и Драган Прокоповски 97,12)
– VIII екипно место во дисциплината F-Open 300M со 292,24 поени (Горан Дамчески 99,06, Драган Прокоповски 98,12 и Никола Петковски 95,06)
– IV екипно место во дисциплината F-Target .22LR 100M со 279,17 поени (Драган Прокоповски 95,07, Ангелко Петровски 92,07 и Драган Јовановски 92,03)
Нашите стрелци исто така се пофалија и изразија голема благодарност до организаторот на овој натпревар каде што се беше беспрекорно и на ниво организирано.