Во период од 19 до 24 октомври се одржа Генералното изборно собрание на Европската Стрелачка Конфедерација на кое како претставник од МССФ учествуваше Генералниот Секретар Томе Несторовски, а истото беше организирано во хотелот Лордос Бич, Ларнака во Кипар.

Во текот на собранието беа искажани многу различни извештаи. Еден од најинтересните извештаи беше оној за стрелачки спортски маркетинг и промоција што го одржа Г-ѓа Ана Лешчикова, член на Президиумот на ЕСК. Таа напомена дека е многу важно да создадеме квалитетна слика за стрелачкиот спорт и да се врши што поголема промоција преку сите можни современи методи. Потребна е исто така масовна промоција на телевизија, но исто така и преку интернет и други социјални медиуми. Спортското Стрелаштво како спорт мора да изгледа убаво за гледачите и затоа мора да работиме напорно за тоа да биде така.

Во својот извештај, сегашниот/поранешен Претседател на ЕСК, Г-дин. Владимир Лисин, потсети дека местата во Президиумот се лото победи. Тие се места за напорна работа. Господинот Лисин, исто така, посака добриот развој да продолжи. Претседателот во заминување Г-дин. Владимир Лисин исто така напомена за промените и добриот развој во МССФ за периодот од 2019 – 2021 година и со доделување на признание изрази на Македонската Спортска Стрелачка Федерација благодарност за развојот на стрелачкиот спорт со надеж за нови достигнувања во наредниот период.

Најинтересен момент беше секако изборот на новиот Претседател на ЕСК. Имаше двајца кандидати: Италијанецот Лучијано Роси и актуелниот Генерален секретар на ESC/ISSF Александар Ратнер. Ратнер ја претстави својата голема програма пред изборите. Неговата програма вклучува многу важни точки како продолжување, подобрување, иновации, поддршка на федерациите-членки, спортистите и младата генерација.

Роси потсети на одговорностите за прашањата поврзани со животната средина. Тој рече и дека ќе биде пријател на сите стрелачки спортови. Роси информираше исто така дека доколку биде избран за претседател на ЕСК, ќе има жена за Генерален секретар. Изборите се одржаа со тајно гласање на хартија. На изборите имаше вкупно 95 гласови. Откако заврши гласањето Претседателката на Изборната комисија, Г-ѓа Елена Ален, ги замоли учесниците да седнат по што во салата настана молк. Претседателката соопшти дека Александар Ратнер доби 52 гласа додека Лучијано Роси – 43 гласа по што официјално за нов Претседател на Европската Стрелачка Конфедерација се избра Г-дин Александар Ратнер. Александар Ратнер му се заблагодари на противкандидатот Роси за учеството на претседателските избори. Тој, исто така, потсети дека ЕСК мора да биде обединето семејство и истакна дека на тој начин само можеме да бидеме силни. Исто така кажа дека ќе го исполни тоа што го ветил во програмата.

Генералното собрание го прифати и новиот Статут на ЕСК и Општите регулативи и се изгласа Президиумот на ЕСК и градовите домаќини на понатамошните Европски првенства.