Почитувани љубители на спортското стрелаштво

На ден 16.10.2021 година во воздушното стрелиште на С.К “Херој” Прилеп во Прилеп се одржа 36-от по ред традиционален натпревар Опен Македонија со воздушно оружје на кој иако традиционално се пука во апсолутна  категорија односно Мажи и Жени 60 пушка и Мажи и Жени 60 пиштол се постигнаа високи резултати кои претставуваат национални рекорди и тоа Борјан Бранковски од С.К Стрелец – Скопје со воздушен пиштол сениор со испукани 574 кругови, Анастасија Мојсовска од С.К Стрелец – Скопје со воздушна пушка јуниорки со резултат од 618,1 кругови и Мартин Ангелески од С.К Херој – Прилеп воздушна пушка јуниори исто така со државен рекорд со резултат 618 кругови.

На натпреварот имаше голем број на спортисти од клубовите и тоа мнозинство од младите категории што е за пофалба бидејќи настапија над 30-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати, а сето тоа под строги мерки за заштита од КОВИД-19 согласно Протоколот за спортско стрелаштво одобрен од Комисијата за заразни болести.

Ви ги претставуваме и останатите стрелци кои постигнаа солидни резултати:

Во категорија воздушна пушка 60 мажи и жени: Ирина Јованоска од С.К. “Херој Прилеп” со резултат од 612,8 кругови, Јована Милевска од С.К “Охрид”со 607,9 кругови, Лилјана Илиева од С.К. “Кавадарци” со 604,4 кругови, Магдалена Ристеска од С.К. “Херој Прилеп” со 599,3 кругови, Бојан Симичиев од С.К “Стрелец” со погодени 596,7 кругови, Викторија Трајковска од С.К. “Кавадарци” со 595,4 кругови, Бојан Спасеновски од С.К “Лихнидос” со погодени 595 кругови и други.

Во категорија воздушен пиштол 60 мажи и жени: Вероника Велковска од С.К Стрелец – Скопје со 536 кругови, Маја Чешелкоска од С.К Херој Прилеп со 536 кругови, Филип Стојановски од С.К РЕК Битола со резултат 523 кругови, Александар Мијовски од С.К “Стрелец” со 513 кругови и други.

Натпреварувачите пукаа на книжни мети од производителот Kruger и истите беа оценувани со електронски читач за мети.