Почитувани спортисти, Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува своите активни членови, ловци, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво, дека Меѓународниот турнир Гранд При Скопје 2021 кој требаше по 15-ти пат да се одржи на ден 15-16.05.2021 г. на стрелиштето Камник во Скопје се одложува за крајот на летото како минатата година поради вонредната состојба настаната од вирусот COVID-19.

По одредување на точниот термин дополнително јавноста и сите заинтересирани лица ќе бидат детално известени.