Претседателот на Македонската Спортска Стрелачката Федерација кон крајот на март 2021 г. оствари работна средба со Генералот на Армијата Г-дин Павле Арсоски на која се разменија корисни разговори за досегашната и идна соработка помеѓу Македонската Спортска Стрелачката Федерација и Армијата на Република Северна Македонија.

Претседателот на МССФ Јордан Тасевски на оваа средба изрази голема благодарност за досегашната меѓусебна соработка и поддршка од страна на Армијата и ги презентираше плановите и програмата за развој на спортското стрелаштво во Македонија за наредниот период.

На оваа работна средба се дефинираа и области за меѓусебна соработка и обука за потребите на единиците од составот на Командата за операции.

На крајот од средбата заедничка констатација беше дека поактивна меѓусебна поддршка и почесто развивање и имплементирање на заеднички активности ќе доведе до меѓусебно унапредување во спортските активности на домашни и меѓународни настани.