На 18 декември 2020 година Претседателот на ИССФ Г-дин Владимир Лисин одржа состанок со федерациите членки на ISSF од Америка, Африка, Азија, Европа и Океанија на кој учествуваше и Претседателот на МССФ Г-дин Јордан Тасевски.

За прв пат состанокот со членките на ИССФ се одржа одделно за секој континент се со цел да се зголеми ефикасноста на интеракцијата.

Генералниот секретар на ИССФ Г-дин Александар Ратнер ги информираше учесниците на видео состанокот за активностите на менаџментот на ИССФ во 2020 и извести за координацијата на ИССФ со релевантните меѓународни организации задолжени за организација на Игрите на Комонвелтот, Азиските игри, Светските универзитетски игри, Медитеранските игри, Пан Американските игри, Европските игри и Афричките игри.

Дополнително се најави и надополнување на календарот за 2021 што е координирано со организациониот одбор, како и одобрението од извршниот одбор на календарот на ИССФ и за шампионатите за 2022 година.

За време на дискусиите во кои учествуваа претседателите на континенталните конфедерации, акцентот беше ставен на спроведувањето на програмите на Фондот за развој што го стимулира развојот на стрелачкиот спорт на национално ниво. Овие програми даваат можност да добијат поддршка за активностите на Федерациите-членки, вклучително и едукација на тренери според новиот формат: сите материјали за учење да бидат достапни на Интернет-страницата на ISSF, што овозможува да се добие знаење без потреба од посета на курсеви во странство.

Учесниците на состаноците разговараа и за мерките неопходни за понатамошен развој на стрелаштвото, вклучително и создавање на соодветна инфраструктура. Во врска со ова, беше прикажан можниот нов формат на стрелиште изграден со минимизирање на трошоците.