Мерки за превенција од ширење на болеста COVID-19

Почитувани,

Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво дека следејќи ги препораките и одлуките на Владата и Министерството за здравство, а во врска со преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19, се одлучи сите активности како што се тренинзи, натпревари од календарот, обуки и друго да се одложат на неопределено. Своите активности во наредниот период МССФ ќе ги редуцира и апелираме до одговорните лица во клубовите и спортистите да извршат дезинфекција на работните простории и стрелани, како и доколку не е потребно, да избегнат меѓусебна физичка посета, а комуникацијата како порано ќе продолжи преку е-пошта или телефон.

Сите новини ќе ги следиме и понатаму и за секоја промена навремено ќе бидете известени.

Јавното здравје е заедничка одговорност!!!

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит.