Старт на натпреварувачката сезона во меѓународна програма со I-от КУП за 2020 г.

Почитувани љубители на спортското стрелаштво

На ден 22.02.2020 година во воздушното стрелиште на С.К “Стрелец” кое се наоѓа во Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин во Скопје, се одржа I-от КУП од натпреварите во 2020 година, со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма.

На натпреварот имаше зголемен број на спортисти од клубовите и тоа од младите категории што е за пофалба бидејќи настапија над 60-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати.

Ви ги претставуваме најдобро пласираните стрелци во секоја категорија.

Кај девојките овој пат во категорија воздушна пушка – жени одлучуваа децимали но на првото место убедливо се искачи Анастасија Мојсовска од С.К “Стрелец” со 614,8 кругови, до неа на втората позиција беше Јована Милевска од С.К “Охрид” со погодени 610,2 кругови додека на трето место беше Нина Балабан со 609,8 кругови. Од С.К “Стрелец” во оваа категорија Антонија Тасевска се пласира на четвртата позиција со 609,6 кругови. На петто место се пласира Божица Велкоска од С.К “Стрелец” која погоди 601,4 кругови, а за пофалба беа и младите надежи Викторија Трајковска од С.К. “Кавадарци” со резултат од 591 кругови и Ирина Јованоска од С.К. “Херој Прилеп” со резултат од 589,4 кругови.

Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција се искачи сениорот Михаил Шишкоски со резултат 603,3 од С.К “Охрид”. На втората позиција се пласира Јане Џингов од С.К “Стрелец” со погодени 593,9 кругови, а до него на третата позиција со резултат 590,3 беше Бојан Симичиев исто така од С.К “Стрелец”. Во оваа категорија за пофалба беа младите надежи Мартин Ангелески од С.К “Херој Прилеп” со резултат од 587,7 кругови пласиран на петтата позиција и дебитантите Бојан Спасеновски од Ж.С.К. “Лихнидос” со резултат од 583,6 кругови на шестата позиција и Христијан Ристески од С.К “Стрелец”кој се пласира на осмата позиција со добар резултат од 568,3 кругови.

89384616_540954149960220_121051338250387456_nВо категорија воздушен пиштол – мажи Борјан Бранковски од С.К “Стрелец” убедливо го освои првото место со испукани 567 круговипред Томе Несторовски исто така од С.К “Стрелец” со резултат од 552 кругови додека на третото место беше Блаже Тофиловски од С.К “Работнички” со испукани 546 кругови.

Во категорија воздушен пиштол – жени првото место го освои Вероника Велковска од С.К “Стрелец” со резултат од 517 круга.