Македонската Спортска Стрелачка Федерација е основана 1948 година.

Актуелен Претседател е Јордан Тасевски.

МАКЕДОНСКАТА СПОРТСКА СТРЕЛАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА е здружение настанато со здружување на стрелачките клубови во РМ, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон збогатување и афирмација на стрелачкиот спорт во Република Македонија и афирмација на македонскиот спорт во светот.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ.

Поттикнување на активностите на децата и младината во доменот на спортското стрелаштво

Координирање и усогласување на програмските активности на Сојузите и Клубовите;

Утврдување на условите за организирање стрелачки натпревари;

Учествува во унапредување на стручната работа во стрелачките клубови;

Следење и разгледување на актуелните прашања за финансирање на стрелаштвото, изградба, одржување и користење на објектите и опремата, како и предлагање одредени мерки заради подобрување на состојбите;

МССФ дава стручна помош и материјали со надомест, на сите граѓани кои сакаат да се оспособат во ракување со оружје и прецизно стрелање. Обуката се врши во строго наменски објекти;

Организира маркетинг и пропагандна активност во областа на стрелачкиот спорт.

Учествува во организирање на меѓународните стрелачки натпревари, од интерес за Република Македонија.

Непосредно учествува во организирањето на државниот систем натпревари во спортско стрелаштво;

МССФ ги составува и се грижи за државните репрезентации во спортско стрелаштво;

Организира школување на стрелачки кадар, судии, инструктори и тренери;

Заради успешно извршување на наведените задачи, Федерацијата соработува со надлежни органи и институции на подрачјето на Републиката;

МССФ ќе врши стопанска и друга дејност, согласно Законот, со формирање трговско друштво;

МССФ дава мислење на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, за утврдување на статусот и рангот на врвните стрелци аматери;

Води евиденција на спортистите кои се стекнале со спортска категорија, согласно законската регулатива;

Се забранува стрелците да земаат или да им се даваат стимулативни средства, кои се забранети и штетни по здравјето. Допинг контролата е составен дел на мерките за здравствена контрола на стрелците.